(ФОТО) Чувар на здравјето и имунитетот: 5. причини зошто треба да „навалите“ на зелка

Одредени витамини и минерали се неопходни за зачувување на здравјето во текот на зимата
Во исхраната на возрасните и децата задолжителни се витамините од групата Б, витамините Ц и Е, како и магнезиум и калциум

Витамини од Б – група
Обезбедуваат нормално функционирање на иимунолошкиот и нервен систем, придонесуваат за здравјето на кожата и слузокожата, го подобруваат метаболизмот, како и синтезата на еритроцитите.
Ги има во листестиот зелен зеленчук како спанаќ, зелка, брокула, а добар извор се и житарките, кикирики и грашок.

Витамин Е
Станува збор за мокен антиоксиданс кој игра значајна улога во превенцијата на многу заболувања и за одржување на здрава кожа.
Природни извори се житарките, спанаќ како и останат листест зеленчук како брокула и зелка.

Витамин Ц
Ја зголемува отпорноста на организмот кон вирусните и бактериски инфекции. Човечкиот организам нема способност на синтеза на витаминот Ц па мораме да го внесуваме со храна. Богати извори се киви, лимон, портокал, зелка и пиперка.

Магнезиум
Минералот кој влијае на функцијата на нервите и мозокот. Добро делува и на работа на срцето, системот за варење и спречува таложење на калциум во организмот и со тоа создавање на камења во бубрезите, а благотворен е и во ситуации на стрес.
Природен извор има во листестиот зеленчук, смокви, лимон, грејпфрут, пченка, грашок, бадеми и јаболки.

Калциум
Има улога во нервната спроводливост и мускулни функции, составен дел е од коскениот систем и игра битна улога во имунолошкиот одговор на организмот.
Го има во семките на сончоглед, кељот, брокула, спанаќ и остаантиот зелен листест зеленчук, лук, боранија, грав, ореви, бадеми и лешници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …