Хороскопскиот знак открива кој е вашиот идеален тип на маж

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Секоја жена има одреден тип на маж кој најмногу ја привлекува…
И’, додека едни се „палат“ на неизлечиви романтичари, други повеќе ги привлекуваат мачо мажи, а голема улога во тоа, наводно, игра и хороскопот. Постои совршен маж за секоја од четирите групи знаци, па проверете каков е вашиот.

Водени знаци – Рак, Риба, Скорпија
Водените знаци се подготвени за акција и обично се многу спонтани, па истите работи ги ценат и кај потенцијалните партнери. Ако сте родени во некој од овие знаци ви треба маж кој, токму како и вие, сака излегувања, патувања и авантури.

Огнени знаци – Лав, Овен, Стрелец
Пристојни и добри мажи едноставно не ги привлекуваат жените родени во огнените знаци. Ним им се интересни „лошите“ дечки кои ќе внесат малку возбудување и акција во врската. Но, бидете внимателни за да не налетате на некој навистина опасен фраер кој донесува само проблеми.

Воздушни знаци – Близнаци, Терезија, Водолија
Жените родени во овие знаци обично се доста несигурни па им е потребен решителен и доминантен фраер на кого можат да се потпрат и кој, од време на време, ќе им помогне и самите да се здобијат со самодоверба. Воздушните знаци, поради тоа, најчесто „се палат“ на мажи кои сакаат да преземат иницијатива и да се однесуваат заштитнички кон нив.

Земјани знаци – Девица, Бик, Јарец
На земјаните знаци во животот им е многу важна финансиската сигурност па најмногу ги привлекуваат успешни мажи кои тоа можат да им го обезбедат, додека другите вредности паѓаат во втор план. Но, ако сте родени во еден од овие знаци, парите и кариерата не би требало да ви бидат приоритет во пронаоѓањето на партнер, туку само дополнителен бонус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 23.03.2019:Ден на враќање во некои потиснати работи и чувства, присетување на дамнешни настани, ќе сакате да се ослободите од работи кои со сила сте ги потиснале…

Денес Месечината влегува во знакот на Скорпија. Ова ќе биде ден на враќање во некои …