(ФОТО) Тажна животна приказна на ѕвезда на турските серии: После тежок развод свршеникот ја оставил пред олтар!

Кога не е на снимање таа се наоѓа во некој од азилите за напуштени миленици бидејќи ги обожува животните.
Асли Енвер публиката од овие простори ја запознала како Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ што и е една од најголемите улоги во кариерата.
Глумицата со кипарско потекло има 34. години, а веќе е меѓу најпопуларните турски глумици на сите времиња. Родена е во Лондон, а таму живееле до својата 12. годфина.

View this post on Instagram

#tb 🐝

A post shared by Asli Enver (@aslienver) on

„Баба шиеше униформи за британските војници па Англичаните ја повикаа во Велика Британија. Во Лондон отиде со шест деца. Тато со баба и браќата долго живеел во Лондон. Од друга страна пак, мојата мајка е единица и кога завршила училиште отишла во Лондон да учи англиски и го запознала татко ми., Меѓу нив се родила љубов“, раскажала глумицата.
Асли на Универзитетот Халиц во Истанбул дипломирала глума. Успонот кон тронот не и бил лесен бидејќи се борела со дислексија па за секој текст и требало многу повеќе време да го научи. Во сето тоа и помогнала мајка и.
„Мама ме праша дали сакам да се бавам со уметност. Ја избрав глумата. Тоа не ми се чинеше лошо. Ме испрати на студии. Поради тоа, да, мама многу ми помогна со учењето текстови“, рекла глумицата.

„Истамбулска невеста“ и ги отворила вратите за бројни улоги. Глумицата бргу дошла до ангажман со најпопуларните глумци во Турција, Озцан Дениз и мерјем Узерли, популарната Хурем од „Сулејман Величествениот“.
Асли зад себе има и пропаднат тригодишен брак со лгумецот и манекен Биркан Сокулуа.
После разводот во 2015. година изхјавила дека повеќе не верува во љубов.

Но, животот оди понатаму па сега е во врска со 38. годишниот музичар Мурат Бозу. Иако ја оставил непосредно пред венчавката, Асли сепак одлучила да му прости и да му даде втора шанса.
Парот се запознал на снимањето на филмот „Брате мој“, а после двегодишна врска одлучиле да се венчаат. Но, пред венчавката Мурат ја оставил и избегал во Мајами Го променил и бројот на телефон, но наводно сето тоа го направил поради нејзините љубоморни испади.Наводно, се покајал поради се’ што направил а глумицата му пружила уште една шанса.
Кога не е на снимање, Асли била во некој од азилите за напуштени миленици бидејќи ги обожувала животните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕирнете во гламурот на „кралската небеска палата“: Ова е најлуксузниот авион на светот!

Пред пет години „Four Seasons” ја дизајнирал луксузната атракција „Private Jet Experience”. „Кралската палата на …