Студен викенд: Снег од понеделник!

За време на викендот кој следува ќе биде претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено
Сабота ќе биде ден како „измислен“ за претстој на повисоките места. Таму ќе има сончево време, а идилата наоколу ќе биде дополнување на уживањето. Низ котлините наутро ќе има услови за локална појава на ниска обланост и магла. Но, и доколку се формира оваа стратусна облачност се очекува истата да се расчисти претпладне.
Ќе дува слаб северен ветер, а во југоисточните краишта умерен северозападен ветер.

Наутро ќе биде студено, а темпретурете ќе има вредности помеѓу -10. и -5. низ котлините, а на планинските места околу -13.
Максималната температура ќе има вредност помеѓу -2. и 0. низ котлините во северниот и западниот регион, околу 2. на југоисток, додека на повисоките места температурата нема да надмине -5..
Скопскиот крај го очекува умерена облачност наутро, а веќе околу пладне подолги сончеви периоди.

Температура ќе има минимална вредност околу -6., а максимална вредност околу -1..

Потоа за време на викендот кој следува ќе биде претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено.Минималните температури на одредени места повторно ќе се спуштат и под -15 степени додека максималните на повеќе места ќе бидат околу па и под нулата.
Под влијание на нов влажен бран во понеделник се очекуваат нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Денеска е Духовден: Жените треба да се посебно внимателни – никако не смеат да го прават ова на овој голем христијански празник

Црквениот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена …