(Рецепт) Протеинска ужина: Ќе се воодушевите со овие слатки топчиња!

Овие слатки топчиња се совршени за ужина или како „грицкалки“ со кафе
Состојки:
100 г овесни снегулки
50 г кокос во прав
50 г искршено чоколадо (или чоколадни трошки)
1 лажица чиа семе
1/2 лажица ленено семе
1/1 лажичка цимет во прав
малку сол
околу 50 г кикирики путер
1/2 лажица мед
1 лажичка есенција до ванила
малку топло млеко, по потреба
Подготовка:
измешајте ги сите состојки освен млекото. Мешајте со раце за да добро ја почувствувате густината на смесата. Додавајте малку по малку млеко додека не добиете густа смеса која можете да ја обликувате со раце, а да не се распаѓа.
Рерната загрејте ја на 150 степени. Од смесата направете топчиња и редете ги на плех покриен со хартија за печење.Печете околу половина час. Топчињата треба да се крцкави однадвор и да добијат малку златна боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …