Кире Лазаров: „Свесни сме дека имаме недостаток во квалитет, тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и со национален набој…“

Патриотизмот и поддршката од дома често на големите натпреварувања се квалитет плус, мотив за дополнително залагање…Тоа го истакнуваа сите играчи од хрватската фудбалска репрезентација на СП во Франција, но се чини дека и нашиот Кирил Лазаров го има истиот став…
Капитенот на ракометната репрезентација од Македонија, Кире Лазаров беше најпрецизен за „жолто-црвените“ денеска по победата над Јапонија со 38-29, а веднаш по мечот го потврди мислењето на своите колеги дека победата била остварена потешко отколку што тоа реално изгледало на теренот. Тој сепак изрази задоволство од победата, но не и од играта. Смета дека има работи кои мора да се поправат, сепак се радува што почнавме со победа за поголема самодоверба во продолжение.
„Се подготвувавме многу за овој натпревар и тоа вроди со плод. Не ми се допаднаа некои работи зошто кога имавме водство, гледавме во семафорот и дозволувавме нерезонски шутеви. Сепак ова е голема победа за голема самодоверба, пред сѐ за младите“, изјави Лазаров.

Во однос на следниот меч со Бахреин, тој смета дека нема да биде лесен натпревар.
„Мислам дека нема да е лесно со Бахреин. Тие се цврста репрезентација, играа финале против Катар на Азискиот куп, имаат добра екипа. Тие се поцврста екипа од Јапонците. Сега да се одмориме, мислам дека и вие сте свесни дека имаме недостаток во квалитет, тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и со национален набој. Само со таква поставеност можеме да им парираме на Бахреин и на другите репрезентации, додаде капитенот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Балетското ремек дело „Рајмонда“ на 26. март во МОБ

Во вторник, 26 март 2019 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и …