Дневен хороскоп за сабота, 12.01.2019:Свежа енергија како буица влегува во нашето секојдневие, и тоа е една добра мотивирачка енергија која ги буди сите сонливи, заспани и уморни депресивци

Од денес Месечината е во Овен, свежа енергија како буица влегува во нашето секојдневие, и тоа е една добра мотивирачка енергија која ги буди сите сонливи, заспани и уморни депресивци. Времето зад празниците е зад нас, да уживаме во потсетувањата и вредно да работиме на новите потези на почетокот на Новата година, да започнеме во вистински стил, а планетите како и секогаш ќе ни помогнат во многу нешта.
Ви посакуваме пријатен ден!

Овен
Работа
Избегнувајте заострен конфликт со соработниците или со лице кое ве поврзува со одредени услови. Не можете сите да се согласите, но не треба да ја игнорирате позитивната страна на партнерството или улогата што ја играат одредени соработници.
Љубов
Ви треба некоја искрена поддршка или лице со кое можете да изградите чувство на доверба и емоционална блискост. Внимателно изберете друштво за интимна доверба.
Здравје
Размислете за лесна исхрана, избегнувајте нездрава исхрана.

Бик
Работа
Без ваша волја, сте се вплеткале во различни деловни ситуации, а сега барате добар излез или некое практично решение. Чувајте ја присебноста на духот, секој проблем има потенцијално добро решение, под услов да прифатите нечиј совет и позитивно влијание.
Љубов
Избегнувајте ривалски односи или ненадејни испади на љубомора на состанокот со блиска личност. Некој има се поголемо влијание врз вашето емотивно расположение.
Здравје
Ќе ви годи пауза или релаксација.

Близнаци
Работа
Вашата деловна стратегија не остава доволно убедлив впечаток на одредени соработници или на “влијателна” личност. Ви преостанува да прифатите компромисно решение. Постапете по вашата совест.
Љубов
Нема причина да го прикривате расположението пред лице кое добро ве познава, потребна ви е нечија искрена поддршка. Со потиснување на чувствата, само поттикнувате уште поголема напнатост.
Здравје
Ќе почувствувајте психолошко ослободување по искрен разговор.

Рак
Работа
Договор со едно лице ве обврзува на одредена дискреција. Сепак, имате различни идеи, па затоа ја одбивате подредената улога во деловно-финансиската соработка. Размислете внимателно пред да го повлечете новиот потег.
Љубов
Партнерот делува незадоволен и мрзоволно коментира за вашите барања. Понекогаш сакате повеќе отколку што можете, поправете ги вашите критериуми.
Здравје
Избегнувајте различни видови “претерувања” или неумереност.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ХРАБРО ДЕВОЈЧЕ – ГО НАШЛЕ ИСКИНАТО, ИЗГРЕБАНО И ВО МОДРИНКИ: Малечката Русинка Зарина (5) минала пет дена во дивата тајга без храна и вода – Ќе ве шокира што измаченото девојче прво побарало од спасителите!

Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминало четири дена изгубено во шумата. Зарина Авгонова …