(ФОТО) Расплаканиот Енди Мареј го шокирал светот: „Не можам повеќе, ја завршувам кариерата!“

Во еден од поемотивните истапи на некој спортист во последно време, Енди Мареј, на прес конференцијата во пресрет на Австралијан опен и мечот против Роберто баутиста Агут, наредниот понеделник, најавил дека ја завршува кариерата.
Еден новинар, и не наслутувајќи што се случува, го прашал најдобриот британски тенисер на сите времиња, како се чувствува со оглед на сите проблеми со колкот кои ги имал последната година и пол.
„Не сум добро…“, одговорл Мареј и тогаш буквално останал без текст.
Гледал во под, ја поправал капата на главата и се обидувал нешто да изговори и тогаш станал и излегол од салата. Се вратил после неколку моменти, се извинил и продолжил:
„Не, не сум добро. Се мачам со страшни болки и тоа трае скоро 12. месеци. Направив операција и се обидов да го излекувам тој колк, но ништо не помага. Подобар сум отколку што се чувствував пред шест месеци, но и понатаму многу ме боли. Многу ми е тешко“, рекол момемнатално 230. играч на светот.

Новинарите го прашале дали може да игра.
„Можам, но до одредено ниво со кое не сум задоволен. Но, не е само тоа проблем. Болката навистина стана неиздржлива и не сакам повеќе така да играм. Се’ пробав, дадов се од себе… Во средината на декември зборував со луѓето од мојот тим и им реков дека повеќе не можам ова да го правам“, додал со треперлив глас Мареј.

Австралијан опен би можел да му биде последен турнир во кариерата.
„Морам да престанам бидејќи не можам повеќе да играм и да мислам дека болката ќе престане. Им реков дека евентуално можам да играм уште неколку месеци до Вимблдон бидјеќи тоа е турнир на кој сакав да се простам, но искрено на знам дали ќе можам да издржам толку долго“, рекол Британецот и се расплакал.

На првото место на АТп листата заседнал во ноември 2016. година и издржал 41. недела. Освен три освоени Грен слема, играл и осум финалиња, освоил повеќе од 60. милиони долари, само од награди на турнири, а моменталниот однос на победи и порази му е 663-190.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) АО: Пуј првпат во полуфинале на Грен слем: Раониќ пропушти шанса!

францускиот тенисер Лукас Пуј првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на некој Грен слем …