(ФОТО) Македонските ракометари денес од 15. часот го започнуваат стартот на СП: Прв противник – Јапонија – ќе успеат ли Кире и другарите да извојуваат победа?

Македонија, како никогаш досега подмладена ќе атакува на нови победи, а еден од поискусните, Борко Ристоски, смета дека до успех може да се стигне само со многу работа и голема поддршка од нив постарите, кон помладите, кои ќе дебитираат на големите настани.

Македонската ракометна селекција е во Минхен, каде ќе ги игра сите пет натпревари од првата групна фаза на Светското првенство во Германија и Данска.
Нашите амбиции и очекување се познати. Треба да работиме многу повеќе за разлика од претходните Светски и Европски првенства, доколку сакаме да стигнеме до втор круг. Оваа селекција ја красат многу млади играчи, на кои мора да им се даде потребната поддршка, а таа треба да дојде од нас поискусните. Не треба да чувствуваат никаков притисок, треба да одат само чекор по чекор и со наша помош да стигнеме до посакуваниот успех, изјави Борко.

Колку е подмладена селекцијата говори и фактот дека кога Кире Лазаров дебитира на СП, Мартин Серафимов уште не бил роден.
На Светското првенство во Германија и во Данска во репрезентацијата на Македонија се најде и капитенот на кадетската репрезентација, Мартин Серафимов за кого ова е прво ваков вид, но и шанса да стегне огромно искуство кое ќе му биде од голема корист за Мундијалот кој во август ќе се одржи во Македоија.
Мартин Серафимов на 3. март ќе наполни 19. години, а тоа е една година и два месеци помалку од дебито на Кирил Лазаров на Светските првенства во сениорска конкуренција. Лазаров својот прв меч на Мундијалите го одигра на почетокот на јуни во 1999 година, а тоа беше девет месеци пред Серафимов да се роди.
Затоа овој двоец на десната бековска позиција кој ќе биде на теренот на натпреварите од Светското првенство станува максимално интересен. Серафимов е еден од играчите од кои се очекува да го наследат Лазаров, а тој покажува лидерски квалитети така што е сосема извесно дека може во следните години да се најде како еден од ракометарите кои ќе ја носат играта на Македонија.

Она што сега може да радува е дека Кире Лазаров (38 години) и Мартин Серафимов (18 години) претставуваат тандем со најголема разлика во години на овој шампионат. Воедно Серафимов може да учи од Лазаров и да напредува, а од тоа ќе има голема корист и тој и репрезентацијата.

Македонија својот старт на СП во Германија и Данска ќе го има против ракометарите на Јапонија.Средба се игра петок 15ч а еден од најискусните Филип Лазаров е оптимист и очекува сигурна победа:

„Секој старт е важен и мислам дека сме подготвени да ја совладаме Јапонија. Гледавме на касета како играат, подобри сме многу , фаворити сме и нема да има изненадувања. Што се однесува до останатите натпревари рано е да се прогнозира. Ќе одиме меч по меч и така верувам ќе ја оствариме целта и ќе се пласираме во следната рунда.
Македонија по 6. пат ќе настапи на Мундијалите а досега најдобриот пласман го оствари во Катар каде го освои 15. место.
Македонските навивачи сигурно ќе бидат со своите шампиони и во Минхен а нам ни останува преку малите екрани да им испратиме позитивна енергија за успех во првиот натпревар.
Директниот пренос од Минхен ќе може да се проследи на МТВ од 15. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Снимка која најдобро покажува како се ризикува животот поради убава фотографија!

„Внимание, внимание! Лајкувајте и споделувајте го ова видео за да што повеќе луѓе разберат колку …