(ВИДЕО+ФОТО) Преживеал абортус: Имал само 32. см и мислеле дека е мртов…

„Мајката викала дека не го сака Тим и се заканувала со самоубиство. Иако е роден жив, лекарите го оставиле. Го спасил лекар од втората смена…
Тим, кој бил познат како „Олденбургер бебе“ (според градот Олденберг во Долна Саксонија) умрел на 4. јануари. Имал 21. година. Во 1997. година кога неговата мајка била во 25. недела на бременост дознала дека детето го има Дауновиот синдром.
Веднаш одлучила да абортира. Викала дека не го сака тоа дете и веднаш да го извадат. Се заканувала со самоубиство односно дека ќе скокне од прозорецот. Поради нејзината психичка состојба лекарите се одлучиле да направат задоцнет абортус.

Но, Тим, преживеал. Бил долг само 31. сантиметар и тежок 690. грама. Лекарите само го оставиле. Дури откако се променила смената го нашол друг лекар. Детето било многу настинато и мозокот му бил тешко оштетен.
Подоцна го усвоиле Симоне и Берхард Гуидо. Животот на Тим го опишале во книга која се појавила на неговиот 18. роденден.
Тим не можел да зборува, носел пелени и го хранеле на сонда. Но, често си играл со фризби и понекогаш аплаудирал и викал што на неговите родители им било знак дека се радува.

„Многу сме тажни и не знаеме како ќе го преживееме губењето на нашето дете“, порачале Симоне и Берхард после смртта на Тим, пишува Bild.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …