(ВИДЕО+ФОТО) Нов притисок над Кристиано Роналдо: Поради силувањето се бара негов ДНК!

Во американската сојузна држава Невада нема застарување за силување ако жртвата го пријавила неделото на полиција во рамки на четири години. Роналдо може да добие доживотен затвор со можност на излегување на условна дури после 10. години.
Ѕвездата на Јувентус би можела да се најде во нови проблеми. Полицијата ќе издаде налог кој ќе им овозможи да земат ДНК од Роналдо со која ќе продолжи истрагата во случајот на силување на Кетрин Мајорга. Како што пренесува Wall Street Journal надлежните сакаат да проверат нов, клучен доказ. Се претпоставува дека станува збор за фустанот кој го носела жртвата на кој е пронајдена друга ДНК освен нејзината, а американската полиција се надева дека италијанскиот суд ќе им овозможи продолжување на процедурата.

Да потсетиме, Кристиано Роналдо е обвинет за силување, кое наводно било во 2009. година, во Лас Вегас, а ако го обвинат би можел да добие и доживотен затвор. Кетрин Мајорга во 2010. година, за молчење, добила 350.000 долари, но на крајот сепак посегнала по тужба.
Роналдо не негира дека се согласил да склопи договор, но во тој договор во ниту еден случај не ја признал вината- рекола двокатот на Кристиано, Питер Кристиансен, а потоа објаснил дека се’ се случило на убедување на неговите соработници.
„Тоа го направи за да се спречи обидот на уништување на неговиот углед, стекнат благодарение на напорна работа, спортски способности и примерено однесување. За жал, сега е вклучен во процес кој е многу чест во Соединетите Американски држави“, рекол адвокатот.

Видеото му оди во прилог на Роналдо

Некогашната студентка и модел го обвинила дека брутално ја нападнал на 13. април 2009. година, во својот апартман во хотелот во Лас Вегас, каде што таа работела како хостеса.
Се појавило и видео од Роналдо и хостесата како танцуваат во ноќен клуб, само неколку часови пред наводното силување. Британски The Sun објавил видео снимано со мобилен телефон во кое се гледа Роналдо во ВИП делот во друштво на девојки. Кетрин во своите искази тврдела дека фудбалерот ја повлекол за рака и и’ рекол „Ти, појди со мене“, додека неговата верзија е дека сама побарала да ја пуштат во ВИП делот.

Видеото погледнете го ТУКА

Снимката повеќе му оди во прилог на Португалецот, со оглед на тоа дека некое време танцувале, разговарале и се допирале, очигледно на задоволство на двајцата. Тешко е да се знае што се случило подоцна, но според снимката од клубот Кетрин сама му приоѓала на фудбалерот и кога тој би се свртел и престанал да танцува.

ДНК – та на Роналдо би можела да биде клучна, бидејќи ако докаже дека покрај онаа на Мајорга, на фустанот се наоѓа и ДНК на Португалецот, ѕвездата на „старата дама“ би можела да се најде пред големи животни искушенија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) АО: Пуј првпат во полуфинале на Грен слем: Раониќ пропушти шанса!

францускиот тенисер Лукас Пуј првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на некој Грен слем …