(ВИДЕО+ФОТО) Им тетовира 3Д брадавици на жените кои имале рак на гради

„Жените се воодушевени со резултатот, а кога ќе се погледнат во огледало насмевката тешко им се симнува од лицата. Доста фрапантно е да се видат нивните реакции на нешто така малечко“, вели Вини Маерс.
Откако сестра му преживеала рак на града, Вини Маерс, мајстор на тетоважи од Фиксбург, САД, видел низ што се’ минуваат жените и како последиците од мастектомија оставаат последици на нивниот физички изглед но и психичкото здравје.
Тогаш дошол на идеја да им помогне на жените кои преживеале рак на дојка, биле на операција и помеѓу останатото, отстранети им се брадавиците. Одлучил да им ги истетовира брадавиците таму каде што би требало да бидат и на тој начин да даде свој мал придонес и барем малку да им го разубави животот.

Брадавиците и ареолите Вини ги направил малку пореалистилчно, тродимензионално бидејќи користи повеќе нијанси и црта сенки. Толку се совршено нацртани што е тешко да се забележи дека не се вистински. Жените се воодушевени со резултатот кој е многу реалистичен, а насмевката тешко им се тргнува од лицето кога ќе се погледнат во огледало, а многумина се расплакуваат од среќа.

Gepostet von Vinnie Tattoothetatas Myers am Freitag, 24. Oktober 2014

„Доста фрапантно е да се видат нивните реакции на нешто така малечко, колку на крај тоа е голем впечаток и колку многу им значи. Кога ќе се погледнат и повторно ќе се почувствуваат комплетни“, рекол тату мајсторот.
До сега, додава, направил скоро 10.000 такви тетоважи.
Погледнете во видеото како ги прави:

Areola tattoos for cancer survivors

He's helping restore what cancer took from them. (via 60 Second Docs Presents)

Gepostet von Upworthy am Dienstag, 8. Januar 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …