Балетската претстава „Самсон и Далила“ во МОБ на 15.01.2019

На 15. јануари на сцената на МОБ ќе бдие изведена балетската претстава „Самсон и Далила“…
Музика: Камиј Сен-Санс
Кореограф: Роналд Савковиќ (Хрватска)
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Александар Ношпал
Репетитори: Саша Евтимова, Горан Божинов

Настапуваат:
Далила: Александра Мијалкова
Самсон: Васил Чичијашвили (Грузија)
Крв: Саша Евтимова
Месо: Ендру Кук (Англија)
Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ
Смрт: Олга Панго
Самсон и Далила (Синопсис)
Во Лајмеровото либрето местото на дејството е Газа, Палестина, околу 1150 година п.н.е.
Трите чина се одвиваат на три различити места – плоштадот, шаторот на Далила и храмот.
I ЧИН
Првиот чин се одвива на плоштадот каде Самсон, заедно со Хебрејците крева востание против Филистејците.
II ЧИН
Вториот чин се одвива во шаторот на Далила во кој доминира огромен кревет. Креветот симболизира бојно поле, каде Далила и Самсон водат „војна“ еден против друг.
III ЧИН
Во храмот на Филистејците. Самсон и Хебрејците се поразени од Филистејците. Филистејците доминираат се до драматичниот крај.
Враќањето на состојбата од првиот чин на плоштадот може да ни помогнe да го разбереме стресот како волшебен затворен круг на времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Докажаниот македонски тапанар кој го освојува светот, ќе ја отвори сцената на фестивалот UNDERFEST 2019 во Скопје

Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, Ди Џеј и уметник. Роден во Охрид …