(ФОТО) Требало да наследи славен голман а денес е осуденик на 75. години затвор!

Колку пати се случило на некој спортист, во прв ред, фудбалер, многумина да му предвидат блескава кариера? Илјада пари. И често, таквите предодредени играчи поради повреди, луда глава или недостаток на среќа никогаш не го оправадуваат сиот тој потенцијал. некои завршуваат во помали клубови и ја завршуваат спортската кариера. Но, тоа не е случај со Омар Ортиз Урибе.
Тој го допрел дното. Некогаш големиот потенцијал меѓу стативите денес е осуденик на 75. години затвор.

Некогаш Ел Гато важел за совршен наследник на незаборавниот Хорхе Кампос во фудбалската репрезентација на Мексико. Кампос кој бил препознатлив по шарените дресови, со висина од само 168. сантиметри и одлични одбрани, учествувал на три светски првенства. Од репрезентацијата се простил во 2004. година и сите го гледале Ортиз во следните десетина години на голот на националниот тим.
Две години порано дебитирал за Мексико на Голг купот против Гватемала и се’ одело мазно. Меѓутоа, тоа му бил и единствен настап за репрезентацијата која редовно учествува на светските првенства. Неговата кариера тргнала надолу, иако бил во најдобрите години (26). Монтереј, Атлетико Келаја, Некафе, Чиапос, Атланте и повторно Монтереј се клубовите во неговата кариера во кои никогаш не успеал да го врати нивото кое му го предвидувале. Доволно добро да биде на поширокиот список за репрезентацијата. напротив.

Следела двегодишна суспензија во 2010. година поради допинг и тука започнал неговиот пекол кој ќе го следи до крајот на животот. Фудбалот го заменил со криминал, неговите екипи станале опасните мексикански картели, а трговците с дрога преку ноќ негови најдобри соиграчи. Таман кога сакал да се врати на фудбалот, во 2012., полицијата го уапсила поради учестување во банда на киднапери.

Ортиз завршил во злоглогласениот затвор Кересо Кадерита во Нуево Леон. Судењето траело полни седум години а за тоа време во затворот бившиот голман се борел за гол живот. Поради соработка со полицијата во затворот претрпел повеќе физички напади и обиди за убиство, а во 2017. година за малку останал без око. Кересо Кадерита е познат како затвор во кој се кршат основните човекови права и скоро и да не постојат правила, па така во последно време во меѓусебни пресметки се убиени десетина криминалци, чиј жител е несудената единица на Мексико.
И’, таму ќе остане до крајот на животот.

Тој е осуден на 75. години затвор поради учество во голем број киднапирања а како „шепкач“ по киднапирање добивал по 100 илјади пезоси, односно околу 4.500 илјади евра. Исто така на товар му се става и соработка со криумчари на кокаин и продажба на дрога. Така тој 42., годишник доживеал доживотна робија во еден од најопасните затвори на светот во кој ќе го мине остатокот од животот, за кој ќе мора, во пресметките на картелите, да се бори секој нов ден.
А, денес можел да биде пензионирана легенда на мексиканскиот фудбал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …