(ФОТО) Омилен е во „Преспав“ но тешко дека некој би го препознал приватно: Ова е Талат приватно!

Ако редовен гледач на „Преспав“ прашате кој лик најмногу им се допаѓа секој без двоумење ќе ви каже Талат…младиот рецепционер кој онака срамежливо си ги терата работите, а неговото добро срце му носи доста неволји…
Откако стана рецепционерот во пансионот „Преспав“, младиот 25. годишен актер Дритон Вејсели, преку Талат од Џепчиште стана еден од омилените ликови на ТВ екраните.

Неговата специфична улога, тетовскиот дијалект, згодите и незгодите кои ги предизвикува со сопствениците и гостите на пансионот, го направија лик кој гледачите на серијата со нетрпение очекуваат да го гледаат во секоја нова епизода.

За Талат од Џепчиште знаете повеќе отколку за Дритон Вејсели, млад актер кој досега има играно неколку улоги на сцената на Драмскиот театар, а имал улога и во уште една серија.

Сепак, улогата во „Преспав“ е онаа која му го трасираше патот до полуларноста. Откако стана познат, Талат е се’ поинтересен за медиумите кои редовно го бараат за интервјуа и детали од неговата приватнот.

Дритон е активен корисник на социјалните мрежи каде постојано има нови следбеници и обожаватели, а она што е забележливо на прв поглед е неговата трансформација од Дритон во Талат и обратно.

View this post on Instagram

@movember

A post shared by Driton Vejseli (@dr1ton) on

Еден со друг воопшто не потсетуваат, па оттука умешноста на ова младо талентирано момче, дополнително се истакнува.

View this post on Instagram

home sweet home

A post shared by Driton Vejseli (@dr1ton) on

Инаку, Дритон и’ навистина потекнува од Тетово, неговиот татко работи со слаткарница, а пак тој освен актерството ги сака сите гранки од уметноста.

View this post on Instagram

💋👅👌🏻🚬💭😤

A post shared by Driton Vejseli (@dr1ton) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Променет терминот на доделувањето на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарот – кулминација на доделување на филмските награди во САД, во …