UNDERFEST 2019 го потврди и бендот на Music House на фестивалот

Music House e музичко училиште од Скопје од кое излегуваат евровизиски претставници, победници на фестивали, место од кое се формираат бендови и најважно, се создаваат убави спомени и пријателства.

Музичкото училиште “Music House” ви нуди едно интересно дружење со популарната музиката. Тоа што е својствено за “Music House” е квалитетниот и искусен наставен кадар, интересната програма која вклучува изучување на најпопуларните песни од современите музички стилови, неконвенционалниот пристап кон учењето и условите во кои се одвива наставата.

Наставниот кадар е составен од докажани музички имиња од македонската сцена со долгогодишно практично искуство.

Бендот Music House ќе се претстави на UNDERFEST 2019 во неделата на 07 април, 2019-та година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …