(ФОТО) Последици од депресија:Позната актерка со страшна порака на социјалните мрежи ја најавила својата смрт!

Бракенсик зборувала за борбата со депресијата, поради што и се поврзала со организација за заштита на менталното здравје…
Манекенката и актерка, 46.годишната Аналис Бракенсик била пронајдена мртва во својата куќа во Сиднеј, а причината за смртта е самоубиство.

Бракенсик кариерата ја започнала во 1997. година во хит серијата “Heartbreak High” каде ја играла Стефани, а потоа се остварила во улоги во сериите “Home and Away” и “Pizza”.
Паралелно се занимавала со манекенство, а била и заштитно лице на организација која се занимава со проблемите со менталното здравје и со превенција на самоубиство.

Полицијата провалила во куќата на манекенката откако оставила загрижувачка порака на Инстаграм, во која напишала дека нејзиниот свет е свртен наопаку. Нејзините пријатели се загрижиле, откако не се јавувала на телефон, па повикале полиција.
Бракенсик претходно зборувала за борбата со депресијата, поради што и се поврзала со организација за заштита на менталното здравје.

“Скршени сме од веста за нејзината смрт. Ја сакавме и почитувавме и праќаме сочувство од срце до нејзините најмили”, соопштила организацијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …