(ФОТО) Обвинение против Тони Цетински поради сообраќајката во која прегази човек:„Драги мои, еве тргнува бранот на јавен линч…“

Засега нема да се бранам јавно, во медиуми, бидејќи тоа е невозможна мисија но и да не влијаам на натамошната работа на судот и нема никому да му замерам кој ги одредува тие погрешни наслови и покренува на линч…

Обвинителство во Пула покренало обвинение против музичарот Тони Цетински за предизвикување сообраќајна несреќа со смртна последица во Ровињ. Според соопштението на обвинителството, тој се товари дека на 3. ноември 2017. година околу 13:55 часот управувал со патничко возило во Ровињ од североисток кон југозапад спротивно на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тој со возилото влегол во тесна кривина, во еднонасочна улица во која има голем број објекти во центарот на градот. Според обвинението, возилото влегло во кривината без возачот претходно да се увери дали може да сврти без да има последици врз учесниците во сообраќајот.

Исто така се смета дека брзината на движење на возилото не била прилагодена на условите на патот, видливоста, прегледноста и состојбата на возилото. Поради сето ова, Цетински се товари дека не обрнал внимание и го прегазил пешакот кој лежел на улицата, со нарушено здравје поради срцево заболување и во тешка алкохолизирана состојба.
Обвинителството го подигна обвинението последниот ден од минатата година, а објавено е на 8 јануари на сајтот на судот.

По повод обвинетието на својот профил на фејсбук се обратил и Тони Цетински:
„Драги мои, еве тргнува бранот на јавен линч по повод покренувањето на обвинетието. (Му благодарам на Бога што е покренато бидејќи конечно ќе имам прилика и да се одбранам).
Засега нема да се бранам јавно, во медиуми, бидејќи тоа е невозможна мисија но и да не влијаам на натамошната работа на судот и нема никому да му замерам кој ги одредува тие погрешни наслови и покренува на линч. Тоа ќе го оставам за некои други времиња и за Севишниот суд. не сум јас тој кој суди. Само еден е Севишен пред кого сите еден ден ќе одговараме.Секако дека сметаме дека наведеното во обвинението не е точно и сето тоа ќе го докажеме на суд…Конечно…“, пишува познатиот пејач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) За што зборувале кралските браќа? Експертите читале од усните!

По погребот на принцот Филип, нивниот дедо, принцовите Хари и Вилијам биле забележани како заедно …