(ФОТО) Ефто Пупиновски „удри“ по охриѓани: „Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето!“

Еден од доајените на македонската народна песна,човекот кој зад себе остави бројни хитови, не само на наши простори туку и на Балканот, со порака до охриѓани за нивната немарност.И’, навистина, ако се земе предвид неговото творештво, успеси, песни поврзани за Охрид – тогаш Ефто Пупиновски е апсолутно во право.
неговото обраќање го донесуваме во целост:


„САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ
Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.
Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете – добро.
Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!
А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.
А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро?
А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?
На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.
Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“.хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои.
ЕФТО ПУПИНОСКИ“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …