(ФОТО) Неверојатни фитнес трансформации на славните во 2018. година

Крајот на годината и почетокот на наредната секогаш се идеално време да се направи еден фит осврт. животните навики и исхрана, овие лица од светот на славните би можеле да ви
послужат како инспирација.

Имено сите тие во текот на изминатата година направиле неверојатна трансформација на самите себе и тоа исклучиво со здрав начин на живот.

Миси Елиот

Американската музичарка, продуцентка и глумица уште во мај на Инстаграм на обожавателите
им го открила начинот на кој загубила значителен број килограми.
„Изминаа четири месеци откако ги исфрлив сите сокови и сега пијам само вода, а повеќе не
конзумирам ниту леб. Бог знае дека тоа беше најтешко за мене“, напишала тогаш Елиот и
додала дека допрва ја чека најголемиот предизвик – потполно откажување од брза храна.

Дру Баримур

View this post on Instagram

#TheWayItLooksToUs: WELLNESS … @marniealton When I look at Instagram, I am made to think I should be at my best self But most days, I lack consistency due to real life. Solution: with the right people (@marniealton) we can make our goals a reality… Here is me in a before pose and then 25 pounds later in the same place. You can tell my face is so much thinner! This takes me so much work. Diet and exercise and fighting like a lion for it! Damn you genetics! And yet thank you for all the good stuff. I love where I come from (JOHN ETHEL LIONEL) and whatever package it comes in. I just know that I have the control to be what I want. Even if it is hard AF! At least I know there are experts I can turn to for help. I mean look at what Marnie helped me do in three months! When i have time off in 2019…I’m comin for ya! PS may I just say I want to be these ladies on the front page. You are my spirit animals and my goal posts!

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore) on

Пред само неколку дена глумицата на Инстаграм се пофалила со губењето на повеќе од 11. килограми но и признала дека таков резултат сама не би успеала да оствари. Бидејќи редовно и недостасувала мотивација, побарала помош од стручњак кој и осмислил план на исхрана но и вежбање.
Иако како што вели доста се намачила со диетата и тренинзите на крај се ’имало смисла. Дури сега знае дека има контрола над сопственото тело.

Гордон Ремзи

Можеби најголема мотивација за промена имал славниот готвач. Имено, тој на почетокот на
годината се одлучил за интензивни тренинзи и тоа за да што подобро изгледа за својата сопруга. Откако вежбањето му станало рутина, Ремзи учествувал дури и на неколку предизвици.
„Изгледав како вреќа. Се прашував дали воопшто Тана би останала со мене?“, изјавил во една пригода за S Magazine.Но, Тана која и самата е голем спортист,останала и сега го очекуваат петтото дете.

Џена Џемисон

Бившата ѕвезда на филмови за возрасни. Џена Џемисон, на социјалните мрежи често објавува од своето фитнес патување на кое истопила 38. килограми, а токму нејзините фотографии од пред и потоа и биле најголема мотивација.
Непосредно пред Божик ги охрабрила обожавателите да останат јаки и истраат и да не потклекнат пред деликатесите кои веројатно членовите на семејството ќе ги изнесат пред нив. Како што вели ќе бидат восхитени и импресионирани самите од себе кога ќе сфатат дека можат да одолеат на било кое искушение.

Кевин Смит

Шест месеци откако претрпел мозочќен удар режисерот Кевин Смит објавил дека загубил повеќе од 23. килограми.
„Ова не беше диета. Ова беше комплетна промена на начинот на живот и практикување вегетаријанство. Што било доста тешко бидејќи сите знаат дека мразам зеленчук“, напишал Смит во една од своите објави.
Но, открил и интересна работа за пронаоѓање мотивација.
„Никогаш не ја потценувај силата на своите повратни информации. Сите вие луѓе кои ми говоревте дека изгледам подобро и поздраво ми помогнавте да истраам на патот кон целта. Охрабрувачките зборови навистина можат да направат разлика во нечиј живот, а вашите комплименти ме тераа напред“, објаснил Смит.

Кели Кларксон

Иако нејзиниот фокус не бил губење колограми, едн од резултатите на промената на исхраната бил токму тој. Имено, поради проблемите со штитната жлезда оваа пејачка одлучила драстично да го промени начинот на исхрана.
Но, како што и самата истакнува најголема награда и е тоа што не мора да користи лекови на дневна база а губењето килограми е само бонус.

Блејк Лавли

Блејк Лавли напорно вежбала за да ги загуби килограмите кои и останале после втората бременост. Открила дека додека била бремена добила 27. килограми, а за да се врати на старата килажа редовно вежбала со приватен тренер.
„Излезе дека не можете да загубите 27. килограми само листајќи го Инстаграм и гледајќи фотографии од бикини модели и прашувајќи се зошто и вие не изгледате така“, се пошегуала во една пригода глумицата.
Сепак, често истакнува дека е во ред и ако килограмите не ви пречат и дека нивното губење не е приоритет. Не морате лошо да се чувствувате само поради општествените очекувања.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Отворено е пријавувањето за 7-та Авицена Женска трка

Трчањето од година во година е сѐ поголем тренд во Скопје и Македонија. Уште повеќе …