(ФОТО) Македонија „ја растури“ Србија: Кире Лазаров и другарете убедлливи пред стартот на СП

Србија во натпреварот против македонската селекција изгледала немоќно, без идеи и изгубено, а Македонците пред крајот на натпреварот да не „го намалиле“ гасот, Орлите би биле блиску до катастрофа.
Растрчаните македонски репрезентативци на полувремето отишле со предност од шест погодоци, а ритамот не го намалувале ниту во продолжувањето.
Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37-31 (19-13) во првата од двете контролни средби пред СП 2019, кое се игра од 10. до 27. јануари во Германија и Данска.


Синоќа во „ВИП арена“ во Скопје, избраниците на Раул Гонзалез одиграа одличен меч, во кој доминираа. Во 42. минута, „црвено-жолтите“ стигнаа и до двоцифрена предност (27-17) а потоа македонските ракометари смирено го приведоа натпреварот кон својот крај и конечна победа од +6.
Најпрецизни во составот беа Манасков со 9, Кузмановски со 6 и Лазаров со 5, додека кај Србија Марсениќ реализираше 3 голови.

Втората проверка се игра утре, 6 јануари, но средбата ќе биде од затворен карактер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …