(ВИДЕО) Починал Драгослав Шекуларац

Денес во Белград починал легендарниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Драгослав Шекуларац.Шеки е роден во Штип, на 8. ноември 1937. година, а почина на 5. јануари.2019. година во Белград.
Популарниот Шеки бил голема „ѕвезда“ после Рајко Митиќ. Бил веројатно еден од најдобрите дриблери во историјата на југослоевснкиот фудбал. Играл во средниот ред.
Бил стандарден член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време нејзин најдобар поединец. Одиграл 41. натпревар за репрезентацијата и постигнал шест голови. После инцидент на натпревар бил казнет со две години неиграње, па кариерата му била нагло прекината.


Драгослав Шекулчарац имал основно училиште и четири класови гимназија, како и метеоролошко школо кое го учел во Белград. Меѓутоа, не се грижел за образованието, бидејќи фудбалот била негова главна преокупација.


Кога во дворот на машката гимназија бил забележан од Димитрије Милојевиќ, некогашен фудбалер на БАСК, веднаш било јасно колку голем талент поседува.
она што следело после тоа засекогаш ќе биде запишано во историјата на југословенскиот фудбал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …