Божиќни обичаи кај македонскиот народ – секој според можностите, но…: Каде и да си за Бадник дома да си!

Божик е дар над даровите, ден во кој се открило она што е единствено ново под сонцето. Сите нас и сите човечки поколенија Господ не учи да не се одвојуваме едни од други, туку едни на други да си помагаме, да се сакаме, да ги помагаме слабите и сиромашните и братски да го делиме тоа што го имаме.
Римокатоличката (западна) црква, како и некои православни цркви, кои го користат новиот календар, Божик го одбележуваат на 25 декември. Меѓутоа, источните цркви го користат Јулијанскиот календар и овој празник го слават на 7 јануари. Во многу држави во светот Божик е верски но и државен празник.
Меѓу најзначајните обичаи кои се карактеристични за овој празник се поставување на бадник, посипување на подовите со слама… На големиот празник претходи и голема подготовка со 40 дневен пост. Бадната вечер и Божикот традиционално се прославуваат семејно, а со пригодно украсување на куќата во духот на овој голем празник дополнително се нагласува свечената атмосфера.
Наместо вообичаен поздрав, за Божик луѓето се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Ваистина се роди“.
Порано домаќинките со посебна љубов ги украсувале своите домови и така се подготвувале за денот на Христовото раѓање, а наместо елка, традиционално се кител голем Бадник и тоа најчесто со суво овошје, шишарки, бомбони завиени во украсна шарена хартија и други пригодни украси, а децата посебно се радувале на Дедо Мраз кој им носел подароци.
Многу обичаи денес се прилагодени со современиот начин на живот. Интересно е дека за вечерата се подготвува непарен број на посни јадења, што како што се верувало има врска со култот на претците. Трпезата е спуштена на под бидејќи се сметало дека така ќе биде најблиска на душите на покојниците. Затоа вечерата помиувала во мир и тишина, а ако имало скарани во домот, на Бадниот ден морале да се смират.


Обичај е домаќинот на Бадниот ден да оди да исече бадник, најчесто тоа е храстово дрвце. Потоа вечерта го внесува во домот и со тоа го означува почетокот на божикните празници. На Бадниот ден ништо не се изнесува од домот и се јадат посни јадења. Со овој ден веќе почнува божикната прослава. Постои верување дека на овој ден не е добро некој да се расправа, како и да позајмува туѓи работи.
Менито на Бадната вечер речиси никогаш не се менува. Додека домаќинот е во шума и сече бадник, домаќинката меси колач, бадна погача без квасец, леб кој за време на вечерата се крши а не се сече. Од јадењата на масата, покрај лебот и солта, треба да се најде и риба пржена на масло, кисела зелка, колачи со ореви, туршија, мед, вино и грав. Секој дел од оваа празнична посна трпеза има своја симболика.
Пред Божик со слама се посипува подот на куќата, со што домот се претвора во пештерата во Витлеем во која се родил Исус и во која се простирала слама за лежење на стоката. Во селските домови сламата на подот стои три дена, а во градовите оваа симболика е сведена на малку слама која се поставува покрај бадното лепче.
На денот за Божик христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа доаѓаат дома, каде е подготвена богата трпеза. Обичај е цел ден на маса да има пченица, во која е поставена голема свеќа. Ова природно зеленило е украс на божикната маса, а симболично претставува умирање и повторно раѓање на природата, како и плодна година во христијанската вера.
Тој ден луѓето празнуваат во својот дом, а по ручекот одат да честитаат Божик на своите роднини и пријатели. Коледе или честитањето порано се правело пеејќи традиционални божикни песни, а обичај е домаќинот да ги дарува коледарите.
Православните верници вториот ден прославуваат Собор на пресвета Богородица, а третиот ден на Божик се одбележува како празник Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.


Симболите за Божик:
Бадник
Тоа е обично мало храстово или церово дрво, кое на Бадниот ден рано наутро се сече и се донесува пред домот. Навечер, пред Божик, бадникот се пресекува и заедно со сламата се внесува во домот. Бадникот симболично значи дрво кое пастирите го донеле и кое праведниот Јосиф го заложил во студената пештера, кога се родил Исус.
Слама
По бадникот, во домот се внесува слама, која се посипува по целата куќа. Според народното верување, слама се внесува бидејќи Исус е роден на слама.
Посна вечера
Кога ќе се внесат бадникот и сламата, домаќининте седнуваат на маса. Вечерата е посна, обично се подготвува грав, свежа или сушена риба и други посни јадења.
Бадниково лепче
Таа се смета за исклучително важен обреден колач. Рано наутро домаќинката го замесува тестото од кое пече погача која се нарекува чесница. Во неа се става метална паричка, на горниот дел се боде со гранче од бадник и таа чесница има улога на славски колач на Божик. Кога чесницата ќе биде печена, се изнесува на маса, каде веќе е поставена баниковата вечера. Лепчето – чесница се крши на толку делови колку што има луѓе во семејството. Тој кој што ќе ја добие паричката по народното верување, ќе биде среќен цела година. Кога ќе се заврши кршењето на чесницата, домаќините едни на други си го честитаат празникот и седнуваат на трпезата.
Свечен ручек
Првиот ден на Божик не се оди надвор од домот, туку семејството заедно уживаат во ручекот и топлата семејна атмосфера. Божикниот ручек е прв мрсен ручек по долгиот пост и секогаш е богат и разновиден, но го обележуваат два елементи: чесницата и пченицата.
Ручекот е најсвечениот момент на Божик. Божикната трпеза, по народното сfаќање, морала да биде полна и богата. Правило било за Божик сите домаќини добро да се најадат и напијат.

Трпеза за Бадник
На Бадникова трпеза треба да има до 13 посни јадење . Тоа симболизира Тајната вечера на која биле 12-те апостоли плус Христос , Господот наш

Ако ставиш помалку гозби не е грев , но треба да бидат непарен број 7,9 ,11
1. Сарми со ориз
2. Пиперки со ориз
3. Тавче гравче
4. Леќа јанија
5. Варено жито
6. Баница со тиква(тиквеник)
7. Ошаф ( компот од модри сливи)
8. Лук
9. Мед
10.Ореви
11.Пита , погача
12.Динстана зелка
13.Баница со касмети (полнеж по избор кој ќе донесе касмет на семејството)
Риба по време на Божиќните пости се дозволува само и единствено на Никулден кога се јаде претежно крап . Тоа повелува традицијата.Оти кога на рибарите им се е пробушила гемијата Свети Никола ја затнал со крап. Не е грев да се јаде и друга риба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Град Скопје обезбеди пристапни рампи во сите градски институции за лицата со попреченост

Обезбедена е пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само …