Ова се новогодишни одлуки до кои лесно ќе се придржувате а ќе ви го поправат здравјето

Истражувањето покажало дека 80 отсто од луѓето до средината на февруари се откажуваат од своите новогодишни одлуки. Токму поради тоа не треба да се донесуваат одлуки кои исцрпуваат и до кои е тешко да се придржувате.
За да поработите на своето здравје, исхрана и фитнес, доволно е да се донесат неколку помали одлуки поради кои ќе се чувствувате и тоа како подобро.

1. Јадете само 12. часови во текот на денот
„Дури и ако не бележите што јадете, туку само времето кога јадете може да направи големи промени за вашето здравје“, вели советничката за здравје Џулс Андерсон.
„Нашето тело работи според 24. часовен циклус, а ноќе, кога телото се одмора, доаѓа до процес на опоравување. Ако на телото не му дадеме доволно време, во нашето тело можат да се задржуваат лоши работи и да предизвикаат надуеност и болест“, додава.
Затоа, нејзина препорака е да се јаде 12. часа во текот на денот.
„Ако сте посакале појадок во осум часот наутро, немојте ништо да јадете после 20. часот“, предупредува Андерсон.

2. Поработете на готвењето
Освен сол и црн пипер нека куркумата биде ваша неодминлива состојка на јадењата.
„Куркумата има противвоспалително делување и го штити организмот“, вели стручњакињата за здравје Сузи Гласки.

3. Ставете билка во спалната соба
Јазикот на свекрвата е билка која наводно го чисти воздухот од отровни хемикалии.

4. Победете ја желбата за слатко
„Желбата за слатко трае отприлика 15. минути. Кога ќе ја почуствувате одете на куса прошетка“, советува Гласки.

5. Слушајте музика додека вежбате
Истражувањето покажало дека музиката ја поправа иузведбата и ја зголемува мотивацијата.

6. Секој ден изедете нешто зелено
„Залениот зеленчук како брокула, кељ, спанаќ, блитва и земја нутритивно е богато и ни го обезбедува доволното количество на витамините Б, Д и К, како и минералите како калциум и железо, влакна и антиоксиданси“, велчи нутриционистката Бет Морис.

7. Слушајте го мозокот а не мобилниот телефон
Обидете се да ги запамтите датите и телефонските броеви а не ги запишувајте во мобилниот телефон. Така го намалувате ризикот од деменција за дури 33 проценти.

8. Извршете куси интензивни активности
Било каква активност е добра. Се покажало дека 20 секунди на интензивно качување по скали може многу да направи за вашето кардиоваскуларно здравје.

9. Прошетајте пред појадок
„Пред оброк вашето тело ги користи залихите маснотии кои се сместени некаде во телото како енергија која ќе ја согори“, објаснува нутриционистката.
„Друга работа, престојот на дневно светло рано наутро ќе ви го поправи расположението, ќе ви го згрее мозокот и ќе ви помогне подобро да спиете“, објаснува таа.

10. Научете ја разликата помеѓу ужината и десерт
Ова е совет на нутриционистката Фиона Хантер која вели дека здравата ужина на вашиот организам му дава протеини, влакна, витамини и минерали. Јаткастите плодови се одличен избор, како и јогурт и овошје.

11. Станете креативни
Земете шише вода и со маркер означете нивоа од 200 мл, 400мл, 600 мл, 800 мл и еден литар. Секој час испијте по 200 мл и до вечер ќе ги испиете волшебните осум чаши вода.

12. Лимитирање на гледање на телевизија
Обидете се да не гледате телевизија повеќе од два часа дневно. Останатото време искористете го за читање книга.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …