Какво време не очекува во последниот ден од 2018. и неколкуте први во 2019?

Утре се простуваме од 2018. година но метеоролозите не најавуваат поголеми промени за последниот ден во декември…
Во понеделник, 31 декември ќе бидеме под периферно циклонско влијание. Станува збор за релативно слаб циклон, а самиот факт што ќе бидеме на неговата периферија не ветува некои големи и нагли промени на временската состоба. Сепак, нема да останеме „без ништо“.
Облачното, време кое го очекуваме уште на самиот календарски почеток на понеделник, ќе ни донесе локални, но слаби врнежи од снег во северните и западните делови од земјава.
Попладне ќе има мало интензивирање на врнежите во западниот регион, пред се во Полог, дебарскиот крај, во охридско – преспанскиот крај и Пелагонија, но на пониските места без услови за значајна снежна покривка.


Најголем бенефит од овие краткотрајни врнежи ќе имаат ски центрите на Шара и Бистра, каде ова снежно освежување кое би донело околу 10 сантиметри снег, би придонело за подобување на условите за скијање.
Во вечерните часови врнежи од снег се очекуваат во јужната половина од земјата. Планините во овој регион ќе добијат околу 15. сантиметри нов снег, но за жал во овој крај единствениот ски центар, барем од македонска страна не е активен.


Температурата во последниот ден од годинава ќе биде пониска во однос на денешниот ден, недела, за 4 до 5.Засега, прогнозите најавуваат претежно суво време во првите 3-4 дена од годината, но следени со позначајно заладување.
Ладниот бран нашата држава ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.

Извор: метеопро.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …