(ВИДЕО) Застрашувачко видео кое покажува какви се последиците од пушење после само еден месец

Сите знаат дека пушењето е штетно за нашиот организам но сепак повеќе од милијарда луѓе во светот редовно пушат. За да ги потсетат луѓето на ужасните последици од пушењето Public Health England објавил видео кое покажува како димот од цигарите влијае на нашите плуќа веќе после самое ден месец пушење.
Во него го гледаме експериментот што го спровеле лекарите Лион Шахаб и Роземари Леонард, а во кое се прикажува нивото на внесување на отровни хемикалии и катран кои просечниот пушач ги вдишува во само еден месец.
За да го покажат тоа тие користеле три тегли исполнети со парчиња вата кои ги претставувале плуќата. На врвот на секоја тегла се наоѓа пумпичка. Во правта тегла пумпата дувала дим од цигари, во другата од електронски цигари а во третата чист воздух.


Откако во теглата било внесено дим колку што просечен пушач вдишува во текот на еден месец се покажало дека теглата и ватата во „пушачката тегла“ примиле доста кафеава боја, а цевчето на пумпичката било прекриено со дебел слој на катран.
„Битно е пушачите да сфатат дека преминувањето на електронските цигари е помалку штетно од обичните цигари. Сакаме да ги охрабриме со помош на електронските цигари или никотинските фластери како замена потполно да престанат со пушењето“, тврди професорот Џон Њутон од Public Health England.
Други истражувања пак покажуваат дека ниту електронските цигари не се толку безопасни колку што некои луѓе веруваат.
Научниците кои го набљудувале срцето на испитаниците додека пушеле конвенционални цигари во период од пет минути, но и додека користеле електронски цигари во половина час (што е најточна споредба на типичното време на користење) откриле дека и двете активности довеле до сличен степен на стврднување на аортата, главната артерија која е и главен причинител за проблемите со срцето.


„Електронските цигари се помалку штетни, но не се безопасни. Не би ги препорачувал како метод за одвикнување од пушење од обичните цигари“, изјавил главниот истражувач Караламбос Власопоулос од медицинското училиште на универзитетот во Атина.
Станува збор за апарат кои содржи течен никотин кој се загрева во пареа и се вдишува и така се одбегнуваат штетите кои ги предизвикува димот од тутунот. Но, Власопоулос тврди дека токму никотинот е најверојатно одговорен за оштетување на артериите.

Скриншот: Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …