Овие фотографии докажуваат во каква состојба се односите помеѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Британските таблоиди веќе со недели пишуваат за наводната кавга помеѓу Меган Маркл и Кејт Миддлтон. Наводно, поради нивните расправии Вилијам и хари многу се оддалечиле и Хари и Меган морале да се иселат од Кенсингтонската палата која ја делат неколку членови на кралското семејство.

Меѓутоа, утринските фотографии од божиќната миса покажуваат сосема други односи. Хари, Меган, Кејт и Вилијам заедно со кралицата пристигнале на мисата и оставале впечаток дека се многу среќни и блиски. Двете снаи разговарале и се смееле, а се чини и дека помеѓу Хари и Вилијам е се во најдобар ред.

Кејт за божиќната миса облекла темно црвен капут и шешир во истата боја, додека Меган одлучила повторно да носи црна боја која не е меѓу омилените меѓу припадниците на кралското семејство бидејќи останатите високи племкињи ја носат само на погреби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …