(ФОТО) Славниот глумец се заиграл со ќерката што можело да предизвика катастрофа за малечкото девојче!

Бредли Купер и Ирина Шајк уживаат во убавините на родителството.
Моментално еден од најпопуларните холивудски глумци, за кого сите зборуваат, Бредли Купер е познат како грижлив и внимателен татко на ќерката која ја има со манекенката Ирина Шајк.


Но, како секој татко и тој знае да се заигра и впушти во детски игри и вратоломии. Имено, Бредли е снимен како ја носи едноиполгодишната ќерка Леа на рамениците но во еден момент почнал да ја фрла во воздух. Тоа не и се допаднало на Ирина која била со нив, а за тоа најдобро сведочи нејзиниот израз на лицето.


И’, додека мама не била воодушевена од играта на таткото и ќерката, се чини дека Леа убаво се забавувала, откривајќи нови акробатски вештини.
Но, глумецот ја покажал и својата детска страна, танцувал и пеел за своите девојки и на крај успеал да измами насмевка од Ирина.

Бредли и Ирина во март 2017. година станале горди родители на Леа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …