(ВИДЕО+ФОТО) Сирота Брена – Има се но не и здравје: Проблемите со коленото причини за болки и паѓања на концерти!

Српските медиуми известуваат дека популарната пејачка трпи големи болки а лекарите се борат да и ја спасат ногата…


Лепа Брена, навистина нема среќа со здравјето. После проблемите со синусите, поради што и е направен скенер на главата, се соочила со нов здравствен проблем.На фолк ѕвездата, како што дознаваат српските медиуми, и страдала ’рскавицата во коленото, па неодамна посетила лекар, кој и препишал терапија на која редовно оди.


Според зборовите на извор близок до пејачката, таа трпела неподносливи болки, па побарала стручна помош. Веќе извесно време Брена посетувала една приватна клиника, каде за нејзината нога се грижел еден од најдобрите експерти во САрбија. Цената на терапијата е околу 50 евра, а пејачката не жалела пари, само да и биде подобро.


„Таа со години наназад има проблем со ногата. ’Рскавицата на ногата и се истрошила,
поради тоа што претерано се занимава со физичка активности. Тоа е и нормално бидејќи тоа
е составен дел од нејзината работа, да игра на високи потпетици, што дополнително ги
оштетува зглобовите. Пред да се обрати на експерт за помош, таа на болната нога
нанесувала желатин, но тоа не и помогнало ’рскавицата да и се обнови. Болката била се’
поинтезивна, па морала да тргне на терапија. Баш се исплашила, и да не биде полошо,
тргнала на терапии“,изјавил извор близок до Брена.

Но, српските медиуми не наведуваат за каква дијагноза стаснува збор. ’Рскавицата се троши на заболените од ревматоиден артритис, на пример, што е многу тешка и воспалителна болест. Проблемите со коленото сега конечно ги откриваат и причините за паѓање на концерти бидејќи за сушење на ’рскавицата треба подолг временски период (според медицинските стручњаци).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …