Учиме низ игра!Едукативна апликација за деца 5+ на македонски јазик

Македонски Телеком и ОХО, креираа едукативна мобилна апликација со омилениот македонски анимиран лик Петко, кој сега добива уште една улога – да им помогне на децата да учат преку игра.
Апликацијата содржи избор од интерактивни едукативни активности на македонски јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност.
Во ова дигитално време, кога децата уште од најмала возраст се во допир со технологијата, сè потешко е да се контролираат содржините на кои тие налетуваат. Технологијата може да го направи учењето поедноставно, полесно и позабавно, и оттука, идејата зад 5+ апликацијата е децата корисно да го поминат времето на интернет, да учат преку игра и да следат квалитетни и едукативни теми на македонски јазик.
Составена е од 4 иницијални забавни активности: Боење, Читање, Пеење, Играње игри. Целта на сите заедно и на секоја активност одделно е иста: осознавање себеси како единствена и неповторлива личност од најмали нозе.
Преку боењето, децата можат да „оживеат” цртежи со Петко, кои потоа можат да ги читаат и раскажуваат; преку пеењето – можат да ги одберат, да ги слушаат и да ги пеат познатите песни на 5+ Бенд, да ги пополнуваат зборовите што недостасуваат на свој оригинален начин. Играњето игри како активност на 5+ е однапред испланирана забава со јасни пораки за зачувување на животната средина, основни бон-тон правила, добрососедски односи, сообраќајни правила, здрава исхрана и здрави навики.
Апликацијата е создадена со намера децата да следат квалитетни и едукативни теми преку медиум кој им е омилен и добро познат и така да се изградат и да се дефинираат себеси уште од рана возраст.
Преземете ја апликацијата и препуштете ѝ се на играта: Play Store , App Store

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …