НОВОГОДИШНО – БОЖИЌЕН ГАЛА КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС

На 26 декември, среда, со почеток во 19:30 часот, Македонската опера и балет ќе гостува во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, а љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт.

На овој грандиозен музички настан ќе учествуват 70 членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и балет во организизација на Општина Велес со поддршка на Националната Установа Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ –Велес.
Настапуваат: Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски, за велешката публика самостојно и во дует ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах.
Влезот е слободен.
Генералниот директор на НУ МОБ Васе Ристов, уметничката раководителка на операта Бисера Чадловска, уметничката раководителка на балетот Олга Панго и градоначалникот на општина Велес Аце коцевски веќе договориле гостување на МОБ во Велес со култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола кон средината на фебруари следната година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Докажаниот македонски тапанар кој го освојува светот, ќе ја отвори сцената на фестивалот UNDERFEST 2019 во Скопје

Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, Ди Џеј и уметник. Роден во Охрид …