Лоша вест: Пристигна периодот на годината кога луѓето најмногу прават прељуби!

Една од главните причини се и новогодишните забави, ако може да им се верува на учесниците на интересно истражување.
Интернетска страница која им помогнува на луѓето во брак да пронајдат други партнери (да, има и такви страници), IllicitEncounters.com,анкетирала 1.000 корисници и дошла до интересен но по малку и шокантен податок. Тема на истражувањето била измамата. Поточно, време во годината кога најмногу луѓе се впуштаат во љубовни афери и ги измамуваат своите партнери.
Нивното истражување поокажало дека токму Нова година е најпопуларен период во годината за измама. Исто така не се безопасни ниту новогодишните забави. Имено, како што пишува Insider, 57% од испитаниците изјавиле дека ги измамиле партнерите со колега (колешка) од работа токму на некои од таквите дружења.
„Сексуалната напнатост кои само се зголемиле во текот на годината, често на новогодишните забави конечно експлодираат. најчесто за тоа придонесува поголемо количество алкохол и опуштеност која инаку не е дозволена на работното место“, објаснил гласноговорникот на интернетската страница IllicitEncounter.com, Кристијан грант.
Ако споменатиот процент ви се виде голем, погледнете ги идните резултати.
Неверојатни 85% од испитаниците изјавиле дека токму празничното расположение во нив буди страст, но и возбуда поради можностите кои ги носат новогодишните забави. Освен тоа, скромни 32 отсто од оние кои направиле измама рекле дека жалат поради тоа, додека 46 отсто одлучиле да ја продолжат љубовната врска со новата партнерка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …