(ВИДЕО+ФОТО) На 6. јануари премиера на „Успех“ на Марјан Алчевски на ХБО: Приказна која може да се случи било каде во екс ју просторите!

На 24. ноември (како што веќе пишувавме) во Загреб беше одржана премиера на тв серијата „Успех“ снимена споредц сценариото на Марјан Алчевски, кој со години живее во Загреб, Хрватска. А, сега е објавен и официјалниот трејлер на серијата со што ХБО го потврди стартот на серијата закажан за 6. јануари.

„Успех“ е телевизиска серија, која првпат во регионов собира голем број актерски имиња од Хрватска и од соседните земји. Серијата ја режира оскаровецот Данис Тановиќ, а сценаристот Марјан Алчевски е еден од победниците на „ХБО Адрија“ за прво сценарио.
Преку љубов, работа,семејство, верност, несигурност и злочин серијата ги истражува моменталните чувства на фрустрации, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на човекот во регионот но и пошироко.
Интересот за конкурсот беше огромен, учествуваа повеќе од 500 сценарија, а Алчевски ја освои продукцијата со неговата повеќеслојна драма во шест дела. Серијата се базира на животот на тројца странци, кои ги поврзуваат низа од несреќни настани, а Алчевски вели дека „Успех“ е драмска серија со елементи на криминал.

Алчевски и Тановиќ во шест епизоди создале автентична приказна која може да биде „временска капсула“ за животот во Западен Бакан во втората деценија на 21. век. Дисфункционални семејства, средна класа која една неплатена рата за кредит ја дели до пропаст, профитери од транзицијата кои се обидуваат да се трансформираат во чесни бизнисмени, корупција на сите нивоа на државата, нерешени злосторства, сето тоа го има во „Успех“.

Иако настаните се случуваат во Загреб, тој град може да биде и Сараево, Љубљана и Скопје и Белград. Во серијата сè се случува во становите кои може да бидат и на Нов Белград во кои сиот мебел е од „Икеа“, платен со кредите од банките кои работат и во Србија. Џиповите се знак на моќ и организиран криминал, совршено скроените костуми ја кријат валканоста на луѓето кои ги носат. Дури има и статусна поделба на Андроид/Ајфон. Хрватскиот рапер Војко В се слуша од сите страни. И колку и да инстистираат на своите национални идентитети и на единственоста на својата култура, сите на Западен Балкан се исти. Се обидуваат, секогаш неуспешно, да ги глумат животите на оние кои живеат на Запад и во сериите и филмовите на „Нетфликс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) АО: Пуј првпат во полуфинале на Грен слем: Раониќ пропушти шанса!

францускиот тенисер Лукас Пуј првпат во кариерата се пласираше во полуфинале на некој Грен слем …