(ВИДЕО+ФОТО) Елена Ристеска и Влатко Лозановски: Само заеднички настапи или нешто повеќе!

Последниве неколку недели не се зборува толку многу за музиката на Елена Ристеска и Влатко Лозановски туку за наводната врска…
Злите јазици се секогаш подготвени на објаснување на нештата „кои не ги знаат“, но се секогаш добро упатени и информирани иако можеби не ги ниту познаваат лицата за кои зборуваат.
Такви приказни деновиве се’ повеќе ги придружуваат имињата на Елена Ристеска и Влатко Лозановски. наводно, многу се зближиле, потоа дека ја криеле својата врска но ете заедничките настапи ја откриле вистината…
Елена на својот профил на Инстаграм постираше неколку заеднички фотографии…

Потоа повторно заедничка снимка но од снимањето на божиќната песна „Небо и земја“ за која денес и утре снимаат и спот..

View this post on Instagram

Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна “Небо и земја” за која снимаме спот утре и задутре… Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од @bigorskimanastir и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел-да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците… Трета година, трета песна… наскоро концерт, на Бадник 6ти јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје. @stefan_filipovski @dimitarandon #veraljubojna @vlatkolozanoski @victorialoba @luboyna

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Како и видео од еден заеднички настап…

И сега што? Ако се во љубовна врска нека им е со среќа! А, ние им посакуваме што повеќе настапи, па и на поголеми простори бидејќи со нивните гласови и песни заслужуваат концертни сали…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …