Уште два дена можност за присуство на снимањето на акустичниот албум на Нокаут

Познатиот бенд ќе одржи концерт и ќе снима нов акустичен албум во Скопје Мериот хотел, а гледачите ги кани да бидат дел од снимањето во живо

Спектакуларниот концерт на Нокаут ќе се одржи на 26ти декември во 21 часот во наменски подготвената просторија во Скопје Мериот хотел. Концертот покрај тоа што претставува уникатен предновогодишен настан, исто така е можност за сите љубители на музиката на Нокаут да бидат дел од снимањето на новиот акустичен албум во живо. Вратите на Мериот се отвораат во 20 часот, се до 21 часот, додека не започне снимањето на специјалниот албум.


Нокаут ќе настапи заедно со Игор Џамбазов, а специјален гостин на концертот ќе биде Гуру Харе. Заедно, тие ќе се обидат да ве однесат на едно романтично патување во кое сите присутни ќе станат дел од историјата на бендот. Овој ексклузивен настан ќе се преточи во една магична вечер во која сите присутни ќе уживаат во романтичните музички ноти и во акустичниот звук кој гарантира незаборавни спомени.


Нокаут се одлучи својот акустичен албум во живо да го сними во Скопје Мериот хотел како најуникатна локација и простор кој комплетно одговара за создавање атмосфера за снимање на албумот. Доживувањето ќе биде уште поголемо бидејќи Скопје Мериот хотел ќе создаде таков амбиент во кој сите присутни ќе ја доживеат музичката магија, заедно со главните помагатели на настанот – SATO, одговорни за звук и светло, Ballantine’s и Тиквеш за врвните пијалаци.

Музичкиот спектакл е дел од предновогодишната програма на Скопје Мериот хотел и знак за почеток на новогодишните прослави и забави кои ќе бидат дел од репертоарот на Скопје Мериот хотел.

Картите за концертот се во ограничен број и истите може да се купат преку www.karti.com.mk или во Дистрикт бар и ресторан, во склоп на Скопје Мериот хотелот. Со секој купен билет, добивате вино од нашите пријатели – винаријата Тиквеш.

Започнете ја новогодишната магија и доживејте едно поинакво музичко искуство!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …