(ФОТО) Мајка пронашла метал во витамините на својата ќерка и испратила предупредување до родителите!

Родителите чии деца се често болни од очај посегнуваат по разни витамини за деца за да го зајакнат нивниот имунитет. По правило, станува збор за сигурни додатоци на исхраната, меѓутоа, една мајка во Америка во нив нашла лушпи од метал поради што девојчето завршило на испитување во болница.
„Во пакувањето има 55 парчиња, кој знае колку метал внела во организмот. Педијатарот не упати на брза помош и сега ги чекаме снимките од ренген,“, напишала во своето предупредување на Фејсбук.

Дополнително додала дека испитувањата потврдиле дека биле пронајдени метали во организмот на девојчето па родителите сега мораат да ја следат столицата или да бидат внимателни во случај да се јават болки или температура.
Лекарите веднаш испратиле предупредување до американската Агенција за храна и лекови која реагирала и се очекува истрага па на крај и повлекување на производот од пазарот.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …