(ВИДЕО) МОРНИЧАВО: Момче скокнало од зграда додека мајка му го бодрела: Богдан (15) ги раширил рацете и скокнал од 14 спрат додека собраните соседи го охрабрувале!

Петнаесет годишно момче од Украина загинало откако со падобран што сам го направил скокнал од зградата.
Застрашувачка снимка го покажува Богдан Фирсов како на врвот на зградата се подготвува за скок од 14. спрат, додека бројни собрани луѓе стојат и гледаат. Меѓу набљудувачите кои го бодреле да скокне била и неговата мајка.

Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го предомисли Богдан од намерата да скокне или да повика полиција за да го спречи да скокне туку само немо стоеле и снимале.
„Луѓето повеќе не се човечки суштества, го загубија здравиот разум“, рекол тој.
Момчето на работ стоело неколку минути, а потоа ги раширил рацете и скокнал. Меѓутоа, падобранот не се отворил и тој од висина од 50. метри паднал на грб и на место мртов и тоа пред очите на шокираната мајка.
Стручњаците велат дека ова било самоубиствена акција бидејќи падобранот и да се отворил момчето не би преживеало.

Тие тврдат дека за скок со падобран се потребни најмалку 70. метри висина, или зграда од 25. спрата, а и тогаш би било доста ризично.
Иако Богдан имал кацига, а пред зградата имало заштитна подлога, момчето останал мртов на лице место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …