Цела Македонија е под снег: Што не очекува наредните денови?

Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.
Претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени. Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.


Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу дожд е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево. Минималните температури изнесувале нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе, еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево, четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…
Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Починале 14. лица: Денес е регистриран 2.051 нов позитивен случај на Ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …