(ВИДЕО) ЧУДОВИШТЕ – Брутално убил и силувал повеќе од 100. девојчиња: Советски полицаец жртвите ги давел со вратоврска а во затвор доживеал шок од една тинејџерка!

Советскиот детектив и форензичар Сергеј Ткач (66) полни 25. години сеел страв по земјата
убивајќи девојчиња, а потоа ги силувал нивните мртви тела. Од службата го исфрлиле во
1979. година, односно една година пред да почне да убива.

Бидејќи бил искусен детектив долго време успешно ја одбегнувал правдата. Убивал од 1980.
до 2005. година.
„Ги следев жртвите а потоа би им пришол од грб и ги давев со јаже, вратоврска или што имав при рака. Сите жртви беа стари од 9. до 17. години. Веднаш после убиството би ги
силувал“, рекол Ткач кој убивал на Крим и во јужна Украина.
Своите жртви, пред да ги убие, подолго време би ги следел.На жртвите би им приоѓал во
близина на сообраќајница и железнички пруги за да ги наведе детективите да помислат дека
убиецот е од друг град. Зад себе не оставал никакви трагови.

Уапсен е во 2005. година после убиството на деветгодишно девојче, ќерка на својот сосед.
Го идентификувале нејзини пријатели со кои разговарал пред убиството.
„Ја следев. Си играше со другите деца, со две момчиња и две девојчиња. Требаше сите да
ги убијам. Тогаш не би ме фатиле. Верувам дека децата ме видоа,го запамтија мојот лик и
на возрасните ме покажаа после погребот“, рекол Ткач.
Кога полицијата стасала пред неговата куќа, тој веднаш се предал и рекол дека ги чека со
години. Неговите соседи тогаш раскажале дека бил многу паметен и мирен човек.
„Рече дека како официр бил и во Авганистан. Дури ни ги покажа и раните. Никој не можеше
ниту да замисли дека го бара полиција“, изјавила една негова сосетка после апсењето.
На полицијата и рекол дека убил повеќе од `100. девојчиња. На доживотна казна затвор за
убиство на 37. е осуден три години после апсењето.
Манијакот после апсењето рекол дека не се кае за своите злосторства.
„Зарем не сфаќате, јас не сум човек, јас сум ѕвер. За мене треба да се сними филм“,
рекол Ткач.
Психијатарот Владимир Головчик, кој учествувал во судско-медицинската експертиза на
Ткач, две години после апсењето рекол дека Ткач убивал за да се прослави.
„Тој убиваше за да стане најлош меѓу сериските убијци. Во психијатријата постои таков
синдром. Човек убива и прави страшни злосторства само за да се прослави“, рекол
стручњакот и додал дека Ткач детално раскажал за своите злосторства и дека нему всушност
не му треба лекување.
„Како и повеќето манијаци, тој е емотивно ладен, промислен, полн со омраза и агресивност
и кај него е изразен егоцентризмот. Таквите црти на карактер и формираат сериски увиец“,
истакнал стручњакот.
Но, на една млада жена овој монструм и бил неодолив. Кога конечно е уапсен тинејџерката
Елена имала 16. години. Го видела на телевизија и веднаш и се допаднал. Му испратила
писмо и следните шест месеци се допишувале. Таа во меѓувреме се омажила, меѓутоа во
2010. се развела за да може да се омажи за тогаш 58. годишниот Ткач.

„Не се плашам од злосторствата на кои е осуден. Добро е другите жемни да се плашат од
него бидејќи тоа значи дека ниту една нема да ми го грабне. Многу сум љубоморна. Да го
познавав порано сигурно би му помогнала да ги скрие телата на жртвите“, рекла Елена.
Ткач зад себе имал три брака во кои добил четири деца. Неговите пријатели зборувале дека
никогаш не ги злоставувал своите жени, ниту за нив зборувал грдо. Со новата сопруга
Елена, Ткач во декември 2016. година добил ќерка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …