(ФОТО) Шакира обвинета за затајување данок: Или „големи пари“ или затвор“

Тужителите во Барселона наведуваат дека патувала во странство но на кусо поради професионалните обврски, додека поголемиот дел од годината го минувала во Шпанија. Тие бараат во Шпанија да плати данок на приходите кои и доаѓаат од цел свет.
Колумбиската пејачка Шакира избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра помеѓу 2012. и 2014. година на државата Шпанија, во текот на престојот во Каталонија, па шпанскиот државен обвинител поднел обвинение против пејачката поради затајување на данок.

Како што се наведува во обвинението, Шакира ги навела Бахамите како свое официјално место на престој, но во Шпанија живее со фудбалерот Жерар Пике со кого има два сина.
Со оглед на тоа дека на Бахамите данокот е многу помал отколку во Шпанија, Шакира не е единствената позната личност која се нашла на обвинителната клупа поради даноците во Шпанија.

“Шпанските инспектори ќе ги проверат приходите, а доколку се воспостави дека не платила данок на заработувачката, судијата може да побара и затворска казна поради измама”, напишал “Paradise Papers” во јануари и открил дека Шакира префрлила 30. милиони долари на оф-шор компанија на Малта.
Доколку се утврди дека пејачката избегнала плаќање на данок, и се заканува затворска казна или парична казна од повеќе од 10. милиони долари.

Тужителите во Барселона наведуваат дека патувала во странство но на кусо поради професионалните обврски, додека поголемиот дел од годината го минувала во Шпанија. Тие бараат во Шпанија да плати данок на приходите кои и доаѓаат од цел свет.
Колумбиската пејачка во Шпанија се преселила, официјално, во 2015. година.
Судот треба да одлучи дали има доволно докази за да почне судење.
Претставниците на Шакира засега не се огласиле по овие најнови обвинувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) БРЗО ОПОРАВУВАЊЕ – ОВАА СМЕСА ЛЕКУВА ХОЛЕСТЕРОЛ, ДОКТОРИТЕ СЕ ЧУДАТ: Ќе се опоравите брзо, се е природно а состојките ги имате во вашата кујна!

Кога ќе се помеша со сок од лимон, магдоносот не само што ја стимулира циркулацијата, …