(ВИДЕО+ФОТО) Документарецот открива дека диџејот знаел што го чека: “На настапите им нема крај, мојот свет се врти околу стресот”

По неговата смрт, насловните страници беа преплавени со вести дека Авичи своевремено му се предал на алкохолот бидејќи така подобро ги поднесувал турнеите и настапите. Поради прекумерното консумирање му била извадена жолчната ќеса, а потоа заболел од панкреатитис.

Поради славата му се предал на алкохолот и заболел од панкреатитис од кој почина на 28 години…
Документарецот кој го прикажува животот на Авичи се снимал со години, а сега кој и да го погледне има јасна претстава за тоа дека неговата смрт била неибежна.
Иако за целиот свет тој ненадејно почина на 28-годишна возраст, Авичи наводно знаел дека ќе умре, а неговиот менаџер постојано му го велел тоа.
Познато е колку тешко младиот музичар се носел со славата и животното темпо на кое бил присилен, а човекот со кој се зближил повеќе отколку со било кој друг и кој четири години работел на документарниот филм за починатиот диџеј потврдува дека и денес е во шок.

“Имам чувство како тоа да не се случи, ми делува нереално”, вели Леван Тсикуришвили кој видел колку му е тешко на Авичи, но не верувал дека тоа скапо ќе го чини.
“На настапите им нема крај, мојот свет се врти околу стресот”, е само една од морничавите реченици на Авичи од документарецот за кој зборува целиот свет.

Кон крајот на 2016 година, популарниот диџеј му дал отказ на својот менаџер и на некој начин се повлекол од сцената. Тука всушност и завршува филмот. Тој на една плажа на Мадагаскар зборувал за тоа како отсега ќе се посвети само на продуцирањето во студио.

По неговата смрт, насловните страници беа преплавени со вести дека Авичи своевремено му се предал на алкохолот бидејќи така подобро ги поднесувал турнеите и настапите. Поради прекумерното консумирање му била извадена жолчната ќеса, а потоа заболел од панкреатитис.

За потсетување, Тим Берглинг (Авичи) почина на 20-ти април, околу пет месеци пред да наполни 29. години. Шокантната вест за смртта на најплатениот диџеј ја потврди неговата портпаролка Дијана Барон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …