Ако сакате бебе сега е најдобро време „да се фрлите на работа“

За паровите кои размислуваат за проширување на семејството Божик е посебно предизвикувачки период.
„Тоа е време кога сме фокусирани на семејството и затоа, најверојатно, но вистински, можеме да се почуствуваме доста осамени“, објаснила стручњакињата за женско здравје, др. Кетрин Худ.
Но правата вистина е дека е сега најдобро време за зачнување. Имено, повеќе жени остануваат бремени околу Божик отколку во било кој друг период во годината. Истражувањето покажало дека преку зима се зголемува и квалитетот на сперматозоидите.
Шансите за зачнување можат да се зголемат ако следите некои од стратегиите и совети на др. Худ.
Жените би требало да бидат поактивни , но да одбегнуават стресни вежби кои можат да влијаат на овулацијата. Вежбањето кое исцрпува може да ги зголеми проблемите со плодноста за 230 отсто. Потребно е да се води сметка и за тежината и за тоа дека индексот на телесната маса не смее да премине 30.

Мажите би можеле да го зголемат количеството на сперматозоидите ако вежбаат три пати неделно по 30. минути, но премногу напорните тренинзи можат да го намалат нивниот број па е потребно да се пронајде вистинската мерка. Мажите би требало да одбегнуваат сауни бидејќи високите температури исто така влиајат на количеството на сперма.

Одбегнувајте ноќни смени, ако можете, бидејќи така се зголемува ризикот од неплодност поради нерамнотежата на хормоните до кои доаѓа при промената на ритамот.

Исто така, важно е да се одбегнуваат работни места на кои се користат отрови, а мажите не би смееле да ги носат мобилните тлеефони во предните џебои на панталоните.

Немојте да пушите бидејќи на жените им е потешко да зачнат, а кај мажите се намалува квалитетот и квантитетот на сперматозоидите.

Фото: 123RF

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе …