Ќе ви ги отвори очите: Девет совети од жена која (досега) немала среќа во љубовта!

На состаноците несвесно правиме грешки кои влијаат на развој на ситуацијата
Жените често се разочарани од искуствата со запознавањето на потенцијални партнери, И
покрај напорите кои ги вложуваат, мажите со нив не постапуваат онака како што мислат дека
заслужуваат.
Меѓутоа, неуспехот на состаноците често нема врска со мажите. На тие средби, имено,
правиме грешки за кои не сме свесни, а кои влијаат на развојот на ситуацијата.
Секој треба да ја препознае својата улога во целиот процес. Мишел Луис,авторка на
порталот Your Tango,и самата нижела неуспеси во врските, а потоа го направила токму тоа и
прифатила одредени совети кои конечно ја донеле до стабилна врска, а потоа и до брак со
маж кој ја третира онака како што заслужува.
Со жените кои се во потрага по љубов ги поделила правилата за кои вели дека би требало да
ги следат сите жени кои бараат љубов, а до сега немале успех.

1. Престанете да се сожалувате
Никому не му е мило да биде во друштво на лице кое константно се самосожалува. Луѓето ги
привлекуваат лица кои се самоуверени, за кои се чини дека го сакаат животот, кои не ги
минуваат деновите жалејќи се. Да се биде во друштво на такви лица е пријатно, а ако не
сте самоуверени, поработете на тоа. Со тек на време ќе видите дека луѓето ви пристапуваат
на подруг начин.


2. Не плачете поради дечко
Полесно да се каже отколку да се направи, но никој не е вреден на вашите солзи. Постојат
луѓе кои не биле добри кон вас и не се вредни за тоа постојано да им давате на важност
така што поради нив ќе се чувствувате лошо.
Ако поработите на самодовербата на ред ќе дојде и односот со некој кој ќе ве почитува. До
тогаш тоа ќе биде истиот дечко со друго име.

3. Задржете доза на таинственост
Со тек на време вашиот партнер ќе научи и дознае се за вас. Меѓутоа, почетокот на врската
никако не е време за откривање на сите ваши тајни. Ако после две недели врска помислите
дека можеби тој е тој, немојте тоа да му го кажете – успорете и пронајдете нешто што ќе
ви го сврти вниманието од таквите мисли. За две недели никого не можете да запознаете
доволно добро за да знаете дека ќе ви биде партнер до крајот на животот.


4. На почетокот вложете само 30. отсто труд
Иако ова звучи остро, не е лошо да се проба. На почетокот некогаш помалку е повеќе и ако
веднаш во стартот не покажете се, подоцна ќе можете да понудите повеќе.

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …