(ФОТО) Домашен лек против холестерол од две состојки

Со оглед на тоа дека живееме во стресно време, често може да ни се случи, што од стрес а што од премногу мрсна и јака храна, маснотиите – холестеролот во крвта да ни се зголеми над дозволените граници.
Еве одличен рецепт како проблемот да го решиме без лекови кои докторите сакаат да ги препишуваат…Но, понекогаш не станува збор за стрес туку едноставно за генетика.
Веројатно многумина слушнале за овој лек, но го објавуваме бидејќи многу луѓе го користат наместо лекови и добро се чувствуваат…

Состојки:
3 лимони
30 ченови лук (средно големи) или 3 главички кинески лук
1 литар вода
Подготовка:лимонот убаво измијте го во врела вода, а лукот излупете го. Се’ заедно сомелете во блендер или со сечко.
Во сад ставете водата да зоврие, додајте ги иситнетите лимони и лук и оставете само еднаш да зоврие. Тргнете од ринглата и оставете да стои најмалку 12 часови на ладно место.
Се’ убаво исцедете низ газа и истурете во стаклено шише. Држете затворено во фрижидер.

Примена: секој ден, три пати дневно, пред оброк, испијте по 30 мл од пијалокот. Кога ќе ја потрошите првата тура направете пауза од 20 дена па повторете. Курата за лекување трае 6. месеци , а во меѓувреме не е лошо да го проверите холестеролот и да видите каков ефект има на вашиот организам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Чупавац торта“: Непечен крем десерт со наједноставна подготовка!

Вкус кој ќе ве натера повторно и повторно да го правите овој феноменален колач Состојки: …