(ФОТО) Има дури 5. зачини поради кои вашиот стомак ќе биде порамен од било кога!

Баш овие денови (повторно) сте планирале да почнете диета и да ја промените исхраната? Сите знаеме и таков план ни е добро познат, а доста демотивира кога ќе се сетиме дека килограмите нема да се истопат само благодарение на нашата желба за промени. За тоа е потребно многу работа, а понекогаш и откажување. За почеток би можеле да се откажете од оној чипс кој упорно ве привлекува…
Но, слабеењето не мора да биде многу тешко. Имено, на патот кон идеалната тежина можат да ви помогнат и одредени зачини. Да, мислиме на оние исти кои ги уфрлувате во сите јадења кои ги подготвувате.

Иако и тие содржат, тоа количество сигурно нема да ви ја загрози диетата. Напротив, некои од нив го намалуваат апетитот и го зголемуваат чувството на ситост.
Поедини зачини ја зголемуваат температурата на телото, го подобруваат согорувањето на мастите и го забрзуваат метаболизмот и така помогнуваат во намалувањето на мрсните наслаги.

Цимет
Иако неговиот мирис ви асоцира на омилени колачи, овојпат ќе морате да заборавите на слатките. Сепак, слободно уфрлете го во јогурт со житарки бидејќи циметот (особено оној цејлонскиот) содржи антиоксиданси и делуваат против инфекции, а помага и во регулирањето на шеќерот во крвта стимулирајќи го производството на инсулин. Ако сте мислеле дека тоа е се – не е. Циметот го намалува апетитот и подолго ве држи сити.

Куркума
Куркумата спречува акумулирање на мрсните клетки и поттикнува разградување на хранливите материи, вклучувајќи ги и мастите. Поради својата карактеристична жолта боја секое јадење ќе го направи поинтересно, а идеално се согласува со месото или варивата.

Ѓумбир
Оваа билка има благотворно влијание на пробавата и воспалувањата, но е и верна помошничка во одржувањето на телесната тежина. Имено, ѓумбирот со своето делување може да помогне да одбергнете прејадување но и да го намалите нивото на стрес.

Каенски пипер
Се добива со мелење на каенски пиперчиња кои припаѓаат на средно лутите пиперчиња па всушност немаат допирни точки со пиперот. Но, она што е важно е фактот дека каенскиот пипер го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и помогнува во согорувањето на калориите. Сепак, не е добар за оние кои не сакаат пикантна храна.

Црн пипер
Да, мислиме токму на оној обичниот кој го уфрлувате во сите јадења, дури и салата.Веројатно не сте знаеле дека токму тој има благотворно дејство на пробавата и помогнува во разбивањето на мрсните клетки. Многумина веруваат дека пиењето чај од црн пипер делува магично на губењето килограми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Миленикот на жените изгледа се’ подобро: Се препотува во теретана и престанал да пие!

Глумецот Колин Фарел се’ почесто може да се сретне во теретана. Важел за лош дечко …