(ФОТО) Лоши вести: Еве што рекол близок пријател на Михаел Шумахер за состојбата на шампионот на Формула 1!

Легендарниот Французин, Жан Тод (72) добил награда за животно дело а се’ благодарение на успесите на ферари во периодоот од 1999. до 2004. година кога на таа екипа титули и донесувал Михаел Шумахер.
Кога ја добил наградата, некогашниот шеф на Ферари, не можел а да не проговори за Шумахер.
„Го посетувам два пати месечно“, рекол Тод.

„Го сакам, како и неговото семејство. Би сакал состојбата да е поинаква“, додал Французинот и на некој начин открил дека Шумахер и понатаму е во лоша здравствена состојба.
Минале скоро пет години откако Михаел Шумахер настрадал за време на скијањето во француските Алпи, при што тешко ја повредил главата, а за неговата здравствена состојба не се знае скоро ништо. Седумкратниот шампион на Формула 1 е сместен на семејниот имот на Женевското езеро во Швајцарија, каде за него се грижи специјален медицински тим кој месечно чини 120.000 евра.
„Времето кое го минав со Михаел ќе го памтам како најдобро во животот. Еден со друг се обожувавме, заедно испишавме една неверојатна приказна“, заклучил Жан Тод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во …