(ФОТО) Комичарот Кевин Харт одлучил: „Не сакам да го водам доделувањето на Оскари!“

Откако многу се развеселил на тоа што ќе ја води церемонијата, Кевин се откажал од тоа после протестот поради неговите стари објави. Иако рекол дека тоа е животна прилика, сепак нема да „прецрта“ една од целите на списокот…
Американскиот комичар и глумец Кевин Харт (39) во петокот рекол дека нема да го води 91. доделување на Оскар после протестите поради неговите стари хомофобни твитови.
„Одлучив да не ги водам Оскарите“, напишал на Твитер.
„Искрено се извинувам на ЛГБТ заедницата поради моите нечувствителни реченици во минатото“, додал комичарот.
Еден час претходно на Инстаграм објавил видео во кое одбил да се извини откако Академијата за филмски умтености го барала тоа од него.

„Одлучив да го прескокнам извинувањето. Причина е тоа што на тоа одговорив веќе неколку пати“, рекол Харт додавајќи дека напредувал од времето кога помеѓу 2009. и 2011 поставувал хомофобни твитови кои во меѓувреме ги избришал.
„Ќе бидам свој, ќе се држам до своите ставови“, додала ѕвездата на филмските комедии „Тајна служба“ и „Get Hard”.

Доделувањето на оскарите е на 24. февруари во холивудскиот „Долби театар“ а Кевин многу се радувал на тоа.
„Веќе долга низа години ме испитуваат дали некогаш ќе ги водам Оскарите и мојот одговор секогаш беше ист. Реков дека тоа би била единствена, животна прилика за мене како комичар и да, ќе се случи кога ќе треба“, изјавил Кевин кој сепак нема да „прецрта“ една од целите на листата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …