Има многу намирници за кои во исто време се верува дека се здрави но и дека му штетат на организмот.
На пример, вегетаријанците со избалансирана исхрана своите протеини ги добиваат исклучиво од ајца. Од друга страна, јајцата се поврзани со високи нивоа на холестерол со децении, така што многу луѓе веруваат дека кајгана од белки е всушност “златна средина” и подобар избор на кајгана која во себе содржаи жолчки.
Сепак, неодамнешните студии ни кажуваат како холестеролот во јајцето всушност не го зголемува нивото на холестерол во крвта, а црвеното месо се нашло на листата на штетни храни.
Кога станува збор за протеини и здрава исхрана, дали јајцата навистина се подобар избор од месото?
Постои причина зошто некои луѓе јајцата ги нарекуваат совршена храна – со само 70 калории јајцата се вистински бомби со нутриенти и еден од најдобрите извори на протеини кои можеме да ги консумираме.
Секое јајце содржи околу 6 грама протеини, кои имаат повисока биолошка вредност од протеините од други извори. Со други зборови, не сите протеини се еднакви, а протеините што ги добиваме од јајцата нашето тело најлесно ќе ги синтетизира и искористи.
Жолчките од јајца се полни со добри масти и содржат 18. корисни витамини, што ги прави одличен извор на енергија. Исто така, јајцата содржат голем број на антиоксиданти кои го штитат телото од разни болести, вклучувајќи, на пример, рак и хипертензија.
Жолчката содржи каротеноид кој, покрај тоа што им ја дава препознатливата боја, содржи антиинфламаторни особини кои го штитат нашето тело од разни болести кои можат да се појават со текот на годините. Исто така, каротеноидот е одличен за здравјето на очите.