(ФОТО) Најубавиот колач во нова верзија: Посно тројно уживање

Колачот „Тројно уживање“ е меѓу најбараните на интернет бидејќи има невообичаено богат вкус и задоволува барања на повеќе видови слатки. Овојпат ви го донесуваме во посна варијанта…
Состојки (за 12. лица):
Бисквит:

6 лажици шеќер
50 мл масло
100 мл минерална вода
4 лажици, печени, мелени лешници
150 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
Крем:
600 мл млеко од соја или ориз (може и бадемово…)
10 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
малку арома од ванила
200 г маргарин
100 г посно чоколадо
Плус:
околу 200 г посни бисквити
малку млеко (оод горе споменатото) за натопување на бисквитите
малку арома од рум или ванила (по желба)
Глазура:
100 г посно чоколадо
3 лажици вода
3 лажици шеќер
50 г маргарин
Подготовка: во сад за месење исејте го брашното со печивото, додајте ги мелените лешници, шеќер, масло и минерална вода. Се’ убаво измешајте со лажица и истурете во плех (28х33 см) покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете додека не поцрвени.
Млекото направете го според упатството на кутијата. Половина литар ставете да зоврие со шеќерот а во остатокот разматете го пудингот. Кога млекото ќе зоврие тргнете го садот на страна, додајте го пудингот, убаво измешајте и вратете на рингла и варете уште околу 5 минути додека убаво не се згусти.
Филот поделете го на два дела. Во еден додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не се истопи. Во вториот дел додајте малку арома од ванила и измешајте. Двата крема покријте ги со прозирна фолија и оставете да се изладат.
Омекнатиот маргарин изматете го пенесто и во секоја половина од кремот додајте половина од маргаринот (кога кремот ќе биде ладен), убаво изматете да добиете воздушеста смеса.
Испеченото и изладено тесто намачкајте го со жолтиот фил, израмнете па нанесете ги натопените бисквити, над нив нанесете го црниот крем, а на него глазурата од чоколадо.
Украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Принцот Вилијам има пресладок прекар за својата миленичка Шарлот!

Откриен е уште еден прекар во британското кралско семејство. За време на посетата на градината …