(ФОТО) МОБ воодушеви со „Севилскиот бербер’ на фестивалот во Стара Загора

„Потпишан меморандум за соработка-Државна Опера Стара Загора.Р.Бугарија и Македонската опера и балет.Добиени плакети во чест на благодарност и учество на МОБ од директорот на Државната Опера-Стара Загора.Р.Бугарија г-дин Огниан Драганов“, извести директорот на МОБ Васо Ристов на својот профил на Фејсбук“, горд поради постигнатиот успех…

„Честитки драги колеги,солисти,хор,оркестар,маестро и сите учесници во вечерашнава прекрасна престава.На покана од Државната опера од Стара Загора, Р. Бугарија, на 4 декември 2018, Македонската опера и балет гостуваше со операта ’Севилскиот бербер’ од Џоакино Росини“.
Македонската опера имаше чест вечерва да настапи на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност.
Фестивалот за прв пат се одржал во 1967 година под насловот „Декемвриски музички денови“. Иницијатор бил главниот диригент на Операта во Стара Загора, Маестро Димитар Димитров.
СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР – Џоакино Росини

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Асс. режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф: Марија Ветеровска
Костимограф:Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Јaне Бакевски
Асс. диригент: Катерина Стојковска
Хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

Настапија:
Фигаро: Марјан Јованоски
Розина: Билјана Јосифов
Гроф Алмавив: Благој Нацоски
Дон Базилио: Владимир Саздовски
Дон Бартоло: Невен Силјановски
Берта: Злата Тошевска
Фиорело:Кристијан Антовски
Амброзио: Саша Смилевски
Камениот човек: Борко Биџовски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлина Здравкова, Невена Георгиева
Настапија:оркестарот,хорот и солистите на Македонската опера и балет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …